Се бараат волонтери!

НФИН има потреба од активисти кои ќе ни помогнат да ги остваруваме нашите цели.
Степенот на образование, работниот статус и полето на експертиза не се битни. Сигурни сме дека ќе најдеме заеднички јазик.
Повелете, пријавете се на volonteri@nfin.org.mk

Последни активности

  • BBC на македонски - Интернет копче за тревога На 30 јуни 2010, за македонското издание на BBC, објавено е мини-интервју на Ванчо Орданоски, претседателот на НФИН. Во него, тој одговараше на прашањата за состојбите на полето за ...
    Posted Jun 30, 2010 12:47 AM by Vanco Ordanoski
  • Средба со Александар Спасеновски, ко-претседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет - РМ и ЕУ На 15 јуни 2010, делегација на „Националниот форум за интернет надзор“ оствари средба со г. Александар Спасеновски, пратеник во Собранието на Република Македонија и ко-претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет ...
    Posted Jun 21, 2010 10:10 AM by Vanco Ordanoski
  • Успешно претставување Во Охрид, на „Лидерската конференција за ИКТ во образованието 2010“ беа собрани многу ИТ професионалци, од 15-тина земји од светот. Се разбира, најмногу од Македонија.Настанот го отворија двајцата ...
    Posted Jun 9, 2010 4:46 AM by Vanco Ordanoski
  • Промоција на НФИН Во рамките на меѓународната „Лидерска конференција за ИКТ во образованието 2010“ која ќе се одржи од 7-9 јуни 2010 година во Охрид, ќе биде промовирана и нашата организација.Националниот ...
    Posted Jun 1, 2010 12:07 PM by Vanco Ordanoski
Showing posts 1 - 4 of 4. View more »

Соработувајте со нас, станете Заштитник на децата на Интернет!

Сите наши партнери имаат можност да го постават овој беџ на својата страница.
Националниот форум за интернет надзор ги заштитува децата од сексуална злоупотреба на Интернет.
Големината и сеприсутноста на Интернетот, како и неговата природна нерегулираност, носи опасности за помладата популација -- децата и младите.
Има многу штетни појави на кои децата се изложени кога достапуваат до Интернет - кражба на идентитетот, несоодветни содржини, верска и национална омраза, но најголемата опасност се крие во нивната потенцијална сексуална злоупотреба.

„Национален форум за интернет надзор“ е непрофитна организација која целосно се финансира од донации.
Доколку сакате да учествувате во работата и/или да донирате, контактирајте нѐ.
Забележавте некој сексуален предатор на Интернет?
Некој кој се обидува да контактира со деца или млади луѓе на несоодветен начин?
ПРИЈАВЕТЕ ТУКА!

НАДЗОР!? ЦЕНЗУРА!? Кој ни дал право?
Дали правиме нов „Кинески ѕид“ за интернет-достапот во Македонија?
Секако дека не. Прочитајте овде за што се работи.

  Sign in   Terms   Report Abuse   Print page  |  Powered by Google Sites